57 случаи со Ковид 19 во Скопје по општини: Најмногу од Чаир, Центар и Бутел!

Заменик министерот за здравство Арслани ја презентираше статистиката на новите 57 заразени со коронавирус во Скопје. 10 случаи се од Центар, 11 од Чаир, 9 од Бутел, петмина од Аеродром, петмина од Гази Баба, тројца од Кисела Вода, тројца од Сарај, и по едно лице во Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Петровец. Необработени се 6 резултати.

-Контактите се познати, епидемиолошките служби ги лоцираат, но и начинот на ширење и пренос на вирусот. Останува апелот дека треба да се подигне свеста кај граѓаните и пораката да допре до тие што не веруваат дека вирусот е присутен. Маската ќе даде резултат, ако се носи правилно, а не во џеб. Само преку личен пример ќе резултираме и на нашето и на колективното здравје, рече заменик министерот за здравство Арслани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот