Фифти сент и Еминем најавуваат телевизиска серија базирана на филмот „8 Mile“
Американските рапери Куртис Џејмс Џексон Трети (Фифти сент) и Маршал Брус Метерс (Еминем) го најавија својот проект, базиран на филмот „8 Mile“. Фифти сент потврди дека тој и Еминем работат на телевизиска серија инспирирана на филмот „8 Mile“. На овој начин публиката уште подобро ќе ги запознае корените на Еминем и неговото влијание врз денешната музика.
View this post on Instagram
Филмот „8 Mile“ е полуавтобиографска приказна за подемот на Еминем до славата. Раперот ја игра улогата на Џими Смит Јуниор, работник во фабрика за автомобили кој се бори за успех во кругот на андерграунд раперите, пишува „Дејли Мејл“.
View this post on Instagram
Филмот освои бројни награди, од кои најзначајна беше најдобрата оригинална песна за „Lose Yourself“ на Оскарите во 2003 година.
View this post on Instagram
Таму глумеа Ким Бесинџер, Мајкл Шенон и Ентони Меки, а мали улоги во проектот имаа раперите Егзибит, Пруф и Оби Трајс.
Фифту сент во својата кариера се потпиша зад голем број успешни серии и глумеше во некои од нив.
50 Сент тужи сопственичка на клиника која тврди дека раперот кај нив си го зголемил пенисот