420.000 лица умираат годишно од опасна храна

unsplash

Овие смртни случаи можат да се избегнат со заеднички напори, потсети Светската здравствена организација (СЗО) на Денот на безбедноста на храната.

Околу 600 милиони луѓе низ светот годишно заболуваат од конзумирање на загадена храна, а 420.000 умираат од неа, според СЗО, пренесува Дојче веле.

Овие смртни случаи можат да се избегнат со заеднички напори, потсети Светската здравствена организација (СЗО) на Денот на безбедноста на храната.

– Ние имаме колективна одговорност да обезбедиме здрава и свежа храна, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во пораката за одбележување на Денот на безбедноста на храната, нагласувајќи дека децата се најранливи од тој проблем.

Тој нагласи дека „никој не смее да го загуби својот живот, обидувајќи се да јаде”, истакнувајќи ја одговорноста на производителите, владите, транспортните компании, продавниците и рестораните за безбедноста на храната.

– Подобрувањето на безбедноста на храната која ја консумираме, не само што ја намалува смртноста кај децата и неухранетоста, туку овозможува децата да пропуштаат помалку училишни часови, а возрасните да ја подобрат својата продуктивност и да го намалат притисокот врз здравствените системи, заклучи шефот на СЗО. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот