2МФЛ: Петковски за важен триумф на Вардар, Слога Виница ремизираше со Детонит јуниор
Денеска во 14. коло од Втората лига – Запад составот на Вардар триумфираше на гостувањето кај Беса со резултат 0:1.
Препорачано
На фудбалскиот терен Боговиње стрелец на едиснтвениот гол за „црвено-црните“ беше Филип Петковски во 78 минута од средбата.
Водечкиот Силекс беше сигурен против Тетекс со 3:1, головите за кратовскиот клуб ги реализираа Сашо Дуков во 20 и 33 минута, и Јордан Серафимовски во 41, додека на спротивната страна погодокот беше дело на Дамјан Масевски (68`).
Во другите мечеви од рундата во 2МФЛ – Запад: Охрид – Гостивар 4:2, Кадино – Кораби 2:4, Велешта – Воска 1:2.
Табела: Силекс 38 бодови, Воска 29, Вардар 26, Кораби 19, Тетекс 18, Гостивар 17, Охрид 14, Велешта 14, Беса 13.
Составот на Слога Виница во Втората лига – Исток на врнежливиот терен одигра само реми 1:1 со Детонит Јуниор Радовиш. Уште во шестата минута поведоа домаќините со голот на Христијан Крклински, а за гостите ремизираше Петар Левков (58`).
2МФЛ – Исток, 14. коло, резултати: Братство – Локомотива 4:1, Осогово – Победа 1:3, Слога – Детонит 1:1, Каменица Саса – Беласица 0:0, Кожуф Гевгелија – Кит Го 2:1.
Табела: Слога Виница 32 бодови, Победа 29, Каменица Саса 28, Беласица 25, Кожуф Гевгелија 19, Кит Го 19, Осогово 18, Детонит 15, Братство 10, Локомотива 6.


