2МФЛ: Пелистер сигурен против Караорман, Беса 1976 славеше во дербито со Кожуф

фото: facebook/KF BESA Dobërdoll 1976

Се одиграа натпреварите од шестото коло во Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ), екипата на Беса 1976 стигна до триумф во дербито против Кожуф Гевгелија со 2:0.

Стрелци на головите за Беса 1976 беа Емини и Адеми за петта победа сезонава во шампионатот.

Пелистер им се врати на победите откако со 4:1 го надигра Караорман. За битолската екипа по два голови запишаа Љамчевски и Христов, а на спротивната страна единствениот погодок беше дело на Ќелешоски.

Во другите денешни мечеви: Арсими – Вардар Неготино 1:0, Башкими – Каменица Саса 2:2, Охрид – Скопје 1:0, Осогово – Беласица 3:1, Победа – Новаци 1:1, Тетекс – Детонит Плачковица 4:0.

На табелата води Беса 1976 со 15 бодови, колку што има и второпласираниот Кожуф, на третата и четвртата позиција се Пелистер и Детонит Плачковица со по 13 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот