23-годишната „газдарица“ од Богданци ќе одговара, прелажала дузина штипјани дека ќе им изнајми станови
Речиси десет месеци, 23-годишна девојка од Богданци на „Фејсбук“ се претставувала како сопственичка на станови за изнајмување, успевајќи да измами десетина жители на Штип и Пробиштип, барајќи им пари однапред за непостоечките станови, соопшти МВР.
Препорачано
Случајот со сериската измамничка за првпат беше откриен во октомври лани, кога полицијата објави дека нејзини жртви биле и седуммина жители на Скопје. Младата богданчанка ќе одговара за кривично дело измама, откако полицијата ѝ поднесе пријава.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 20.11.2023 до 25.09.2024, пријавената измамила 10 лица од Штип и Пробиштип со лажно прикажување на факти преку огласи на социјални мрежи дека поседувала станови за изнајмување во Штип, Скопје, Охрид и Република Грција и на тој начин ги навела оштетените однапред да уплатат одреден износ на трансакциска сметка или однапред да ѝ дадат пари на рака“, велат од полицијата.
Девојка од Богданци измамила седуммина во Скопје, земала пари однапред за фиктивен стан


