Розова голтка – најсилен удар против масните наслаги

инстаграм

Масните наслаги се последица на нездравата и прекумерна храна, но и на добар дел од денот поминат во седење.

Отранувањето на масните наслаги не е брз процес, но тоа е сосема логично кога само ќе си одговориме на прашањето колку време ни било потребно за да ги наталожиме истите на нашето тело.

Силната волја сепак, победува. Елиминирањето на масните наслаги почнува со одлуката да го смениме начинот на живот, повеќе внимание да посветиме на здравата исхрана и секојдневно да резервраме време за вежбање.

Напивката наречена Розова голта е одличен сојузник во процесот на елиминирање на масните наслаги.

Како да ја подготвите?

Потребна ви се – 1 излупен корен од ѓумбир, мала лажичка лута црвена пиперка, 6 свежи јаготки, 2 чаши сецкано манго на мали парченца, половина портокал (или грејпфрут) и 1/ 4 филџан јаболков оцет.

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека смесата не стане течна.

Напивката против масни наслаги конзумирајте ја наутро веднаш после лесниот појадок и после ручекот (или како меѓуоброк).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот