20 години прават ршум со функции и пак не им чини, вели Ахмети за „огнените“ во ДУИ

али ахмети фејсбук

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги коментираше сопартијците од т.н. „Огнена група“ во неговата партија, велејќи дека „останале на власт 20 години и правеле ршум“.

Ахмети рече дека во ДУИ има војна меѓу функционерите, „да си го заземат местото еден на друг“. Зборувајќи за „огнените“, тој пред жителите на гостиварското село Врапчиште рече дека грешат и побара од нив да им се придружат на актуелните партиски челници и да им помогнат.

„Им кажав дека се луѓе кои сум ги имал за пријатели, ги имам за пријатели, грешат, тотално грешат, бидејќи поминаа 20 години и не дека страдале за нешто, секогаш со функции, ако имаше некој што немал функција, ќе беше налутен. 20 години ршум со функции и уште не се среќни, тргни овој стави тој, јас водам органи и имам одговорности, не можам да бидам пристрасен“, рече Ахмети.

„Огнената група“, неформалната партиска фракција предводена од Изет Меџити и Блерим Беџети, се бори за реформи во партијата и да издејствува оставки од вицепремиерот Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи и други актуелни владини функционери на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот