19 РАБОТНИЦИ НА ОВАА КОМПАНИЈА СЕ УБИЛЕ, А 12 СЕ ОБИДЕЛЕ ДА СЕ САМОУБИЈАТ: Тоа што им го правеле е ужасно!

Француската телекомуникациска компанија „Оранж“ и нејзините извршни директори се појавија пред судот во Париз поради обвинение дека намерно психолошки ги дестабилизирале своите вработени, што резултирало со низа самоубиства.

Главниот директор Дидијер Ломпард, и уште пет лица, од кои едно се уште работи во компанијата, обвинети се за „психолошко малтретирање“.

Обвинителите тврдат дека компанијата имала стратегија да создаде работна средина со која се подигнува анкциозната, како и го поткопува достоинството на работниците.

Помеѓу 2007 и 2010 година 19 се убиле, а уште 12 се обиделе да се самоубијат.

Самоубиствата се поклопиле се големото реструктирање на телекомуникациската компанија кое следело по приватизациајта и државната помош. Според идеата на Ломбард, промените во компанијата имале за цел да се намали работната сила за 22.000 во текот на три години.

Синдикатот го обвини раководството да користи „посебни насилни методи за институционално вознемирување“, со цел да ги заплаши работниците да си заминат. Компанијата претходно ги отфрли обвинувањата за вознемирување и рече дека ќе се брани на суд.

Поранешниот генерален директор претходно ги демантираше самоубиствата поврзани со условите за работа во компанијата „Оранж“ и рече дека не направил ништо лошо, според информациите од медиумите.

„Оранж“ е првата компанија од оваа големина која се соочи со судење поради психолошки вознемирувања во Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот