19 евра за порција лигни: Шокантните цени не престануваат да ги изненадуваат туристите во оваа балканска земја

Фото: NICOLA ROMANO / Alamy / Alamy / Profimedia

Единствената работа која донекаде фрла сенка на туристичкиот оптимизам во Хрватска се високите цени на сместувањата и храната, а како што се наближува шпицот на сезоната, тие ќе се зголемуваат уште повеќе, пишува „Вечерњи лист“.

Туристичката сезона никогаш не била подеднакво добра за сите, па нема да биде така ниту годинава. Во моментов, сплитски изнајмувачи се жалат дека апартманите не им се полнат како што очекувале, но, глобално гледано, туризмот во оваа балканска држава се одвива повеќе од добро.

Туристичкиот промет е за 12 отсто подобар од 2019 година, но цената на лигните, на пример, е на врвот уште во претсезоната. Ако порција лигни лани била 10 евра во претсезона, сега во истиот ресторан е 19 евра.

„Исклучително сме задоволни од досегашниот тек, туристичкиот промет го надминува резултатот од рекордната 2019 година за цели 12 отсто, а во главниот, односно летниот дел од туристичката година влегуваме со голем оптимизам“, изјави директорот на Хрватскиот туристички одбор Кристјан Станичиќ, кој напоменува дека во тек се промотивни активности во 14 европски земји, но и во САД.

Инаку, од 1 јануари до крајот на јуни, Хрватска ја посетиле повеќе од 3,5 милиони гости, што е за три отсто повеќе од 2019 година.

Годинава треба да го означи и целосното закрепнување на домашниот туризам по пандемијата на коронавирусот, па дури и да ги надмине резултатите пред пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот