трговски центар
Фото: Пиксабеј

16-годишен насилник натепал врсник во трговски центар во Аеродром, настрадал и минувач кој ги двоел

16-годишно момче, кое имало тврд предмет, вчера нападнало врсник во трговски центар во скопската општина Аеродром, а му се нафрлило и на 25-годишен минувач кој се обидел да ги раздвои, соопшти МВР.

„Вчера во 13:50 часот во СВР Скопје, 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник“, велат од полицијата.

Случајот го пријавил и нападнатиот 25-годишен минувач.

„На 17.05.2026 во 11:45 часот, М.Д.(25) од Скопје пријави дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници“, пишува во полициското соопштение.

Ортаци во фирма од Скопје затаиле 120.000 евра од државата, тврди Финансиската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот