14 знаци што укажуваат дека црниот дроб работи забавено

Profimedia
Фото: Профимедиа

Црниот дроб е еден од клучните органи на системот за варење, а од нашиот организам непрекинато ги елиминира токсините.

Исто така, тој ја филтрира крвта од цревата и ги обработува и ги подготвува хранливите материи кои се претвораат во енергија.

Процесот на детоксикација што го изведува црниот дроб има два чекори – првиот е да произведува одредени ензими кои отровите ги прават помалку лоши за организмот, додека другиот чекор му е да ги спојува тие токсини со молекулите, поради што го олеснува нивното исфрлување од телото.

Со други зборови, црниот дроб е многу зафатен орган и е од клучно значење за варењето, а поради зголемениот внес на токсини во телото, во исхраната или од околината, може забавено да работи.

Постојат неколку симптоми кои настануваат поради успорена работа на црниот дроб:

1. Често се заморувате дури и од минимален физички напор.
2. Ви се појавуваат главоболки кои се манифестираат во позадината на окото.
3. Болки во зглобовите и мускулите.
4. Доаѓа до интензивно потење, бидејќи телото исфрла токсини кои црниот дроб не може да ги обработи.
5. Настануваат проблеми со кожата во облик на акни и егземи, бидејќи доаѓа до акумулација на токсични соединенија кои црниот дроб не ги обработува и ги исфрла.
6. Често се борите со алергии, бидејќи се соочувате со токсини кои дури и премногу ги имате во вашиот организам.
7. Се борите со запек или дијареја (пролив), а тоа е проследено со болки во стомакот, а доаѓа и до надуеност.
8. Се дебелеете иако не јадете многу.
9. Проблеми со обработка на маснотии, особено по консумирање некои мрсни намирници и имате проблеми со дигестивниот тракт.
10. Не можете да се ослободите од лошиот здив!
11. Доаѓа до хормонско нарушување, бидејќи црниот дроб не може да ги елиминира вишокот хормони.
12. Имате проблем со концентрација, а менталните задачи ви задаваат голем напор.
13. Се чувствувате депресивно иако не сте биле изложени на траума или случување кое би можело да влијае на тоа.
14. Се чувствувате вознемирено, бидејќи имате чувство дека нешто лошо ќе се случи.

Наведените симптоми можат да бидат симптоми и за други болести, а за да ги елиминирате проблемите со црниот дроб, важно е да посетите лекар, и секако секојдневно квалитетно да се храните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот