Фото: МИА

Ангелов: Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак

Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, односно под репетиторите, додека останатите делови се изгаснати, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

– Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот. Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, истакна Ангелов.

Додаде дека се очекува да биде целосно изгаснат во следните неколку часа и дека засега нема потреба од интервенција на воздухоплови.

– Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар, како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторот на ДЗС, вели Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот