10 највлијателни филма од последната деценија (ФОТО)

Имбд

Најпопуларните филмови што ја воодушевија публиката не се секогаш оние што најмногу влијаеле врз филмската индустрија, туку оние што го насликале духот на времето или го промениле начинот на кој го гледаме светот.

„Њујорк тајмс“ објави листа со највлијателните филмови на деценијата што го променија светот на забавната индустрија, ја политизираа сегашноста, а нивното влијание се демонстрира преку дискусиите што ги предизвикаа во јавноста.

1. „Американски снајперист“, 2014 година

Драмата на Клинт Иствуд за снајперистот Крис Кајл, својата премиера ја имаше на Божиќ во 2014 година. Филмот ја подели американската публика. Додека едни сметаа дека промовира оружје, други тврдеа дека филмот најдобро ја отсликува политичката ситуација поврзана за оружјето.

Image result for clint eastwood american sniper
Imbd

2. „Одмаздници“, 2012 година

Иако ни серијалите ни темата за суперхерои не се ништо ново во филмската индустрија, овој филм ги собра сите суперхерои и ја воодушеви публиката и така постави основа за доминација на „Марвел“.

Related image

3. „Црна риба“, 2013 година

Многу документраци се трудат да ја подигнат свеста за еколошките проблеми, но овој успеа во тоа прикажувајќи ја злоупотребата на китовите во „Сиворлд“. Овој филм ја промени перцепцијата на јавноста, работењето на компанијата и законот.

Image result for black fish movie 2013
imbd

4. „Старосватици“, 2011 година

Овој филм не е само уште една комедија што се занимава со венчавки, туку ги промени сексистичките клишеа дека жените не можат да бидат смешни, а од актерката Мелиса Мекарти направи ѕвезда.

5. „Снежно кралство“, 2013 година

Елса не само што ја покажа својата моќ, туку и моќта на женската публика што овој цртан го направи еден од најпопуларните во историјата, и така традицијата на „Дизни“ ја приспособи за новата генерација.

Image result for frozen 2013
Imbd

6. „Бегај“, 2017 година

Филмот ги измеша жанровите хорор и пострасистичката реалност во САД. Бидејќи излезе откако Доналд Трамп беше прогласен за претседател на САД, филмот послужи како слика за времето во кое тешко е да се разликува што е хорор, а што сатира.

Image result for run movie 2017
Imbd

7. „Игрите на гладните: Раѓање на огнот“, 2013 година

Вториот дел од франшизата го утврди статусот на Џенифер Лоренс како ѕвезда и стана првиот филм со женски протагонист кој се најде на врвот на најпопуларните филмови. Кетнис Евердин стана новиот архетип на жена во филмската индустрија. Прикажана е повеќе како бунтовничка и војник, отколку како принцеза.

Image result for hunger games 2013
Imbd

8. „Месечина“, 2016 година

Овој нискобуџетен филм со влијание од европската и азиската уметничка сцена влезе во историјата на Оскарите како првиот најдобар филм кој имал режисер од африканско-американско потекло по систематскиот расизам што траел со децении.

9. „Окја“, 2017 година

Филм на Нетфликс за девојче и нејзината генски модифицирана свиња ја потресе индустријата бришејќи ги границите помеѓу големите и малите екрани. Беше прикажан во 2017 година на Канскиот филмски фестивал и беше првиот филм на Нетфликс прикажан на големото платно.

10. „Војна на ѕвездите: Будење на силата“, 2015 година

Започнувајќи нова трилогија, филмот ја зеде енергијата на оригиналните филмови и повеќе простор им даде на жените и на ликовите што не се белци.

Image result for star wars the force awakens
Imbd

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот