Звонимир Бобан: Регионалната лига е утопија

twitter/HomeOfMilan

Легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан, открива какви му се размислувањата по прашењето за формирање на регионална лига на просторите на поранешна Југославија, а во која како еден од учесниците се споменуваше и Вардар.

Во полседните неколку години постојано низ медиумите се појавува информација за формирање на регионална фудбалска лига во која учество би земале екипите од поранешната СФР Југославија.

Во тие математики се споменуваше и Вардар како еден од учесниците, но славниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан смета дека оваа идеја е далеку од реализација.

– Мораме да се соочиме со фактите, сега е се поинаку од тие времиња. Поинакви се емоциите, погледите… тоа време повеќе не постои и поинаква е медиумската реалност. Мислам дека регионалната лига е утопија, идеја која нема да се реализира. Сметам дека е се уште рано да се зборува за такво нешто – вели Бобан во интервјуто за Н1 телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот