Ѕвездата на Реал, Бензема мора на суд поради уцена!

фото:твитер

Напаѓачот на мадридскиот гигант блеска на натпреварите, постигна 12 голови и петпати беше асистент од почетокот на сезоната. Еден од клучните играчи на Реал Мадрид, но надвор од теренот се соочува со проблеми поради кои мора да се најде пред суд.

Обвинителот на судот во Версај потврди дека на Бензема ќе му се суди за уцена на Матје Валбуена, поранешен колега од француската репрезентација, во врска со случајот кој датира од ноември 2015 година, а по обемната истрага, сега дојде и неговиот ред.

Бензема и Валбуеана се најдоа во центарот на вниманието, членот на „кралевите“ го уценувал играчот од средниот ред со секс снимка. Веднаш потоа, Бензема беше уапсен, а потоа пуштен на слобода, во меѓувреме ја призна својата вина, му се извини на Валбуена, што може да биде олеснителна околност пред судот, но ќе мора да се појави на рочиштето.

– Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и неправедно сурова. Немам за што да му забележам во овој случај – рече адвокатот на фудбалерот на Реал Мадрид, Силвијан Кормие.

Француските закони предвидуваат максимална казна до пет години за изнудување пари. Претходно беше споменато дека Бензема, заедно со уште четири лица, наводно барал исплата од 50.000 до 100.000 евра од Валбуена, за спорното видео да не излезе во јавноста. Пукна срам во тамошната национална селекција, двајцата беа избркани од селекторот Дидие Дешан пред крајот на 2015 година.

Покрај Бензема, најавено е дека за уцена ќе им се суди на уште четири лица вклучени во овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот