Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ се тргна од наркотиците и се вери на 58 години: Доказ дека никогаш не е доцна и дека сè се може!

profimedia

Актерката Хедер Локлир се вери на 58 години со своето момче Крис Хејерсон.

Близок семеен пријател на познатата актерка ја потврди веста за веридбата за магазинот „People“.

Според неговите зборови, парот е верен уште во април месец, кога тие ја прославија годишнината од нејзината трезвеност, по лекувањето од алкохолизмот и зависноста од наркотици.

Актерката во изминатата година водеше тешка борба со наркотиците и алкохолизмот, како и со депресијата, а во 2018 година беше уапсена кога направи два прекршоци и и се спротивстави на полицијата во алкохолизирана состојба. Меѓутоа, таа реши да го промени својот живот и очигледно успеала во тоа.

profimedia

„Навистина се среќни заедно. Целото нејзино семејство, родителите, браќата и сестрите ја поддржуваат и се многу среќни и возбудени поради неа“, изјави извор близок на актерката, додавајќи дека во овој чекор ја подржува и ќерката Ава (22) која ја има од бракот со Ричи Самбор.

Хедер и Крис се во љубов уште од средно училиште, а повторно воспоставиле контакт пред неколку години. Нивниот однос бил нестабилен, поради пороците на актерката, но на крајот таа се одлучила да побара стручна помош во приватна установа за рехабилитација и сега веќе подолго од една година е „чиста“.

instagram

Хедер минатата година беше сликана во Лос Анџелес со дијамантски прстен на раката и заштитна маска на која пишува „се смеам“.

„Навистина е сјајно и инспиративно да ја видите Хедер како успеа да го заврти својот живот“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот