Зверев го елиминираше Алкараз за полуфинале на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Германскиот тенисер Александер Зверев е последниот полуфиналист на „Австралија опен“. Играчот од Хамбург го совлада Карлос Алкараз, вториот играч на светот, со 3:1 во сетови.

Мечот траеше повеќе од три часа, првите два сета Германецот ги освои убедливо со 6:1 и 6:3. Шпанецот успеа да намали на 2:1 откако беше подобар во третиот сет во тај-брејк со 7:2.

Шестиот тенисер на АТП листата не дозволи овој дуел да продолжи доцна во ноќта па во четвртиот сет ги реши сите дилеми и славеше со 6:4.

За пласман во големото финале Зверев ќе игра против Данил Медведев кој претходно со 3:2 го елиминираше Хуберт Хуркач. До сега Зверев и Медведев се сретнаа 18 пати, Русинот има 11, а Германецот седум победи.

Во второто полуфинале првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ од Србија ќе ги одмери силите против Италијанецот Јаник Синер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот