Зошто вашето куче копа на креветот или каучот? Овие две причини не треба да ги игнорирате

Фото: Pixabay

Кучињата чест знаат да копаат на сосема неочекувани места во домот. Нашите четириножни пријатели често копаат и ги гребат креветите на своите сопственици. Но, зошто го прават тоа?

Кучето е животно со долга историја на припитомување зад себе и со однесување кое може да се објасни со брз увид во неговата природа и неговите моментални потреби. Па, доколку забележите дека вашето куче копа на креветот, тоа може да значи:

Бара засолниште

Кучето инстинктивно е доведено да копа и да создаде дувло во кое ќе се засолни како што би било и во дивината. Тоа е дел од нивната природа. Оваа особина можеби се појавила во домашниот контекст бидејќи кучето сфатило дека тој дел од куќата е безбеден и удобен.

Има стрес

Копањето на кревет исто така може да биде израз на стрес што животното го доживува. Кучето веројатно се чувствува фрустрирано, страда од анксиозност, можеби нервозно и се обидува да се смири со исфрлање на чувствата што ги доживува. Копањето може привремено да ја олесни неговата состојба.

Секој сигнал треба да се оценува поединечно со цел да се интервенира ако и кога случајот го бара тоа. Континуираното копање на креветот или каучот не треба да се игнорира или да се охрабрува бидејќи, покрај тоа што долгорочно ќе го уништи мебелот во куќата, може да укаже на очигледна непријатност кај животното.

Покрај можноста за консултација со стручно лице, погрижете се вашето куче секогаш да има удобен кревет и свој простор во куќата. Посветете доволно време на играта и не ги занемарувајте неговите потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот