Зошто полицијата користи водени топови со сина боја во Хонгконг? (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Денеска е организиран уште еден протест во Хонгконг. И овојпат дојде до конфликт меѓу полицијата и демонстрантите.

Покрај тоа што употребиле солзавец, полицијата, за да ја растера толпата, упторебила и водени топови. Но, целиот овој настан го одбележала една интересна појава.

Додека демонстрантите палеле барикади и фрлале молотови коктели, полицијата била принудена на улица да употреби и водени топови. Меѓутоа, нивната боја била обоена во сино.

На прв поглед ова е навистина чудна и несекојдневна појава, која набргу им станала јасна на сите присутни.

Причината за сината боја е со цел учесниците на протестите подоцна да можат да бидат идентификувани. На овој начин полицијата ќе ги означи и потоа веројатно ќе ги уапси.

Некои демонстранти од ударите на водените топови се бранеле со помош на големи чадори, но без голем успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот