Зошто не треба да ја миете солта од морето од лицето и телото

Фото: Profimedia

Кога бевме деца, родителите нè учеа да одиме во морските длабочини и да се обидеме малку да ги измиеме носот, грлото и устата. Водата во длабочините на морето содржи многу минерали, а не содржи бактерии. Во длабочините, водата е студена и темна, полна со сулфур, што ги оневозможува бактериите да се размножуваат.

Составот на морската вода и крвната плазма во минералите и елементите во трагови е речиси идентичен. Затоа, постои цела низа придобивки од морската вода на нашата кожа, но и на целото тело.

Минерали кои ја закрепнуваат кожата се магнезиум, калциум и калиум, јод, а тие во високи концентрации се наоѓаат во морската вода. Овие минерали ја обновуваат кожата, овозможуваат побрзо заздравување на раните, ги регулираат бактериски инфекции и ги ублажуваат акните. Морската вода ги чисти проширените пори, го отстранува вишокот маснотии, ги намалува воспалителните процеси.

Морската сол ѝ прави нежен пилинг на кожата и ја забрзува замената на мртвите клетки од површината на кожата со нови. Периферната циркулација е забрзана и сето тоа заедно придонесува подобро да се впијат и искористат лосионите и хранливите креми нанесени по капењето.

Комбинацијата на сонце, јод, цинк, железо, селен од морската вода го зголемува нивото на серотонин (хормон на среќата) и го намалува нивото на кортизол (хормон на стресот).

Луѓето со премногу чувствителна кожа склона кон егземи и псоријаза имаат голема придобивка од минералите од морската вода. Многу козметички производи ги базираат врз минералите на Мртвото Море, токму поради нивните лековити својства.

Комбинацијата на морска вода и сончево зрачење ја намалува количината на габички на нашата кожа, а истовремено ја зголемува циркулацијата и на тој начин го контролира себороичниот дерматитис.

Морската сол го стимулира растот на косата, делува како природен шампон, ги отвора порите на скалпот и овозможува полесно пробивање на хранливите маски. Престојот на море го обновува и нервниот систем и го намалува крвниот притисок.

Изобилството со минерали коишто ги содржи морската вода продираат во кожата и ја подобруваат циркулацијата во нејзините најдлабоки слоеви, па го јакнат сврзното ткиво, така што кожата станува помека и изгледа поздраво.

Благодарение на алгите, кои ги содржат витамините А, Б, Ц и Е, морето има и ефект против стареење (антиејџинг), па го поттикнува создавањето на колагенот, ги неутрализира слободните радикали и штити од штетните влијанија на сончевите зраци. Пливањето и капењето ја поттикнуваат размената на материите, што помага и во намалувањето на целулитот.

Но, навечер измијте ги остатоците од кремите и потта од кожата за да не ја иритирате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот