Зоолошката градина во Берлин слави: Фату, најстарата горила на светот наполни 67 години

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Зоолошката градина во Берлин го слави 67. роденден на женката горила Фату, нејзиниот најстар жител, за кој верува дека е и најстарата горила во светот, пишува „Асошиејтед прес“.

Фату е родена во 1957 година и дошла во зоолошката градина во тогашниот Западен Берлин во 1959 година. Пред нејзиниот официјален роденден во саботата, чуварите во петокот послужија со овошје и зеленчук. Сепак, според зоолошката градина, таа не доби многу овошје бидејќи чуварите внимателно ја следат нејзината исхрана. На поодмината возраст, Фату има потреба од многу мека храна што може добро да ја џвака и без заби.

Ветеринарот Андре Шуле рече дека нема горила постара од Фату во која било друга зоолошка градина, „и мораме да претпоставиме дека нема животно постаро од неа во дивината“, каде што животните не живеат толку долго.

Фату живее во сопствено заградено место и претпочита да се држи на дистанца од другите горили во зоолошката градина во нејзината старост.

Фату стана најстариот жител на зоолошката градина дури неодамна, по смртта на фламингото Инго на почетокот на оваа година. Се верува дека птицата имала најмалку 75 години и живеела во зоолошката градина од 1955 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот