Јоханес Хесфлот Клаебо беше најбрз нан спринтот во Пекинг/ фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

ЗОИ Пекинг: Сундлинг и Клебо најбрзи на спринтот

Швеѓанката Јона Сундлинг и Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клебо се олимписки шампион во нордско скијање во дисциплината спринг.

Норвежанецот Клебо ја одбрани титулата од Игрите во Пјонгчанг пред четири години, и со време од 2:58.06 минути дојде до четвртиот златен медал од Олимписките игри.

Клебо на средина од трката му избега на Италијанецот Федерико Пелегрино кој на крајот мораше да се задоволи со среброто, исто како и во Пјонгчанг. Неговиот заостаток зад шампионот изнесуваше 0.26 секунди.
Бронзениот медал го освои 22-годишниот Александар Терентјев од Русија кој заостана 1.31 секунда зад Клебо.

Доминантна победа која и го донесе златниот медал во женскиот спринт оствари Јона Сундлинг која триумфира со време од 3:09.69 минути. Со победата во Пекинг, Сундлинг ги обедини светската и олимписката титула.

Како второпласирана заврши нејзината сонародничка Маја Далквист која задоцни 2.88 секунди зад Сундлинг, додека последното место на победничкиот пиедестал го обезбеди Џеси Дигинс од САД чиј заостаток изнесуваше 3.16 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот