Знаете ли како да преговарате со вашиот тинејџер?

Вашиот тинејџер сака подолго да остане надвор, а вие, секако, би сакале што побргу да се врати дома. Што да се прави?

Тинејџерите можат да бидат многу тешки. Еве, неколку совети за преговори со нив:

– Дозволете му на тинејџерот да учествува во создавање на куќните правила. Усогласете ги правата и одговорноста. На пример, вашиот тинејџер смее да излезе во викендите, но мора да помогне во миењето садови и да си ја заврши домашната задача. Ако тинејџерот прекрши некое правило, повторно разговарајте за правилата.

– Ако постојано се расправате со тинејџерот околу истите работи, наместо уште една караница, прераскажете ја неговата страна со свои зборови. Ова ви звучи смешно? Можеби оваа караница се повторува затоа што не сте сфатиле добро што тинејџерот ви зборува или пак тој чувствува дека вие не го слушате.

– Не мислете дека за сешто треба да делите награди. Тинејџерите се доволно возрасни да помагаат дома, како и редовно да ги завршуваат своите училишни задачи. Тоа е затоа што тие тоа треба да го прават, а не затоа што ќе добијат награда за завршената работа. Ако ги наградувате и за оние најосновни задачи, тие ќе мислат дека заслужуваат награда за тоа што го направиле. Но нема да погрешите доколку му подарите нешто ситно како благодарност затоа што многу се потрудил околу некоја задача.

– Доколку треба да интервенирате во караница помеѓу двајца тинејџери кои сакаат различни работи, прашајте ги зошто тоа го сакаат. Можеби обајцата сакаат фен за коса, иако на едниот фенот му треба веднаш, а на другиот по еден час. Не го наметнувајте своето решение затоа што и двајцата ќе се почувствуваат навредено.

– Доколку вашиот тинејџер вели дека сте неразумни, додека и тој самиот е многу неразумен, не е лошо понекогаш да побарате неутрален посредник. Оној момент кога своите барања ќе треба да ги изложи на трета личност, ќе стане поразумен и полесно ќе дојдете до разбирање. Но немојте ова премногу често да го практикувате за да не го поткопате родителскиот авторитет.

– Не мислете секогаш дека нивното лошо однесување е ваша грешка. Тинејџерите минуваат низ хормонални промени и промени на расположението. Нивниот бес може да исчезне во целост за еден час. И покрај тоа што ќе ви биде тешко, не ги сфајќате навредите лично, но задолжително дајте им на знење дека тоа не е во ред.

– Не ги споредувајте со себеси на таа возраст. Сите сме различни и голема е веројатноста дека вашето сеќавање на тинејџерските денови многу се разликува од сеќавањата на вашите родители. Денес вашите деца се соочуваат со различни очекувања и притисоци. Иако не би требало да дозволите преудобен живот за своите деца, имајте разбирање за нивните потреби.

– Ако разговорот меѓу вас и тинејџерот се сведува на „да”, „не” и „те мразам “, нема смисла да се продолжи таквиот разговор. Нема ништо полошо отколку на налутен тинејџер да му кажеш „смири се”. Кажете му малку да се одмори и дека ќе разговарате подоцна на проблематичната тема.

– Ако му дозволите на тинејџерот да учествува во одлуките што се однесуваат на домаќинството, ќе му дадете чувство на сигурност и ќе му покажете дека го цените неговото мислење. Не дозволувајте му да диктира или сосема да ги измени одлуките, но сослушајте ги неговите причини и објаснете му ја секоја поважна одлука и промена. Ако му кажете дека се селите без тој претходно да го видел новиот дом, нема да биде среќен.

Тинејџерите се млади возрсни луѓе и така треба да се однесувате кон нив. Не се возбудувајте заради трескање на вратата или викањето, но дајте му јасно на знаење дека така не треба да се однесува. Ако е разумен ќе реагира позитивно, дури иако не се согласувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот