Змијанац: Фотографиите од „Јавна соба“ може да доведат до самоубиство на девојчињата

Вака основачот на првата детска амбасада „Меѓаши“ Драги Змијанац, ги коментира последиците кои може да настанат со постоењето на сајбер-насилството како она во групата „Јавна соба“ на Телеграм, каде видеа и фотографии со експлицитна содржина беа намонтирани на малолетнички од Македонија, но и автентични порнографски фотографии беа споделувани меѓу 7.400 членови.

Кога малолетно девојче, од дванаесет или тринаесет години ќе дознае дека лажна порнографска фотографија или видео се „намонтирани“ на нејзиното име и презиме и споделувани меѓу еден куп луѓе, може да дојде до голема траума па и самоубиство.

Вака основачот на првата детска амбасада „Меѓаши“ Драги Змијанац, ги коментира последиците кои може да настанат со постоењето на сајбер-насилството како она во групата „Јавна соба“ на Телеграм, каде видеа и фотографии со експлицитна содржина беа намонтирани на малолетнички од Македонија, но и автентични порнографски фотографии беа споделувани меѓу 7.400 членови.

Членовите споделуваа и телефонски броеви од девојчињата, со навредливи сексистички и омаловажувачки коментари.

Змијанац тврди дека детската амбасада уште во петокот го пријавила случајот во полиција.

– Ова е морална деградација на целото општество и децата се препуштени самите на себе. Родителите мора да повнимаваат и воспитанието да ни биде приоритет при градењето личности со висок морален интегритет – ни изјави Змијанац.

Тој апелира општеството да се мобилизира во заштитата од сајбер насилство меѓу врсниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот