Фото: facebook.com/bfrsm.mk

Злато за Омер Мемеди, бронза за Мелани Митевска на Балканското првенство во борење

Балканското првенство во Клуж-Напока, Романија, официјално заврши, а надежите на македонското борење се закитија со два нови медали.

Кај младинците (У20), Омер Мемеди во категоријата 92 кг. дојде до највисокото место на пиедесталот, освојувајќи го златниот медал.

Во женска конкуренција, Мелани Митевска во категоријата 65 кг. (младинки), по четири борби успеа да се избори за бронза откако триумфираше во „малото финале“.

Претходно, медали освоија и пионерите Лука Ананиев – сребро (44 кг.), Кристијан Атанасов – бронза (48 кг.), Мираџ Мустафа – бронза (52 кг.), и Дарјан Павлев – бронза (68 кг.), како и кадетите Марио Ананиев – бронза (71 кг.) и Садије Дура – бронза (53 кг.).

Како поддршка на спортистите беше присутен и тренерот Абаз Емини, како и членот на Управниот Одбор Ахмет Адеми. Претседателот на македонската боречка федерација, Дејан Богданов упати честитки до сите наши репрезентативци кои настапија на ова Балканско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот