Златните ракометари од Летонија ќе бидат наградени со 700.000 денари од РФМ

фото: РФМ

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на денешната средба со кадетите кои на ЕХФ шампионат во Летонија го освоија златниот медал им вети парична награда од 700.000 денари.

фото: РФМ

Кадетската репрезентација во финалеото на РХФ шампионатот ја совладаа Швајцарија со 24:22, а на денешниот прием Мукаетов имм вети дека ќе побара од Управниот одбор на Федерацијата да бидат наградени за големиот успех кој им донесе и директен пласман на Светското кадетско првенство 2023 година како и на Европското младинско првенство што ќе се одржи 2024 година.

фото: РФМ

– Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македобија, ви претстои светла иднина. Но, треба многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и ви благодарам. Ние сме тука за вас да работиме како Федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме. РФМ ќе побара од УО ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари награда – рече Мукаетов на приемот на златните кадети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот