Златна Бубамара 2020: Сашко Коцев го „избриша“ подот со РЕКЕТ, Aтиџе запеа пред публиката! (ГАЛЕРИЈА)

фото: Драган Митрески

Ако некој ги заслужува сите аплаузи, тоа е дефинитивно „Златна Бубамара“, бидејќи е единствената манифестација која веќе 23 години успешно опстојува, без разлика какви политички ветришта дуваат во државата. 

Организаторот Ранко Петровиќ и оваа година се потруди да ги собере најдобрите и најквалитетните од нашата земја, но и регионот.

Домаќинот Сашко Коцев и оваа година имаше „полни раце“ работа. Се разбира на менито му беше аферата „Рекет“, па се пошегува со нашиот прием во НАТО, проблемот со издавањето пасоши и загадувањето. Најголем впечаток остави неговиот настап кога го препеа хитот на легендарниот Тома Здравковиќ, „Дотако сам дно живота“, на која и го измени текстот.

– Како да те Кики моја, како да те Фрики моја… “, вака некако звучеше рефренот.

БУБАМАРА 2020: Сашко Коцев на сцената се појави со „Луј витон“ ташна / Фото: Драган Митрески – Слободен печат
КОЈ СЕ ЗАКИТИ СО БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА ЗА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА?

Да започнеме со ред:

Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека

Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика

Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)

Пејачка на годината – Тамара Тодевска

Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)

Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)

Најсатирична емисија – Фчерашни новости

Трајни музички вредности – Електрични оргазам

Театарска претстава – Мој термин (МНТ)

Актер на годината – Јордан Симонов

Актерка на годината – Тања Кочовска

Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга

Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски

Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис

Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија

Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Животно дело во областа на филмот – Столе Попов

Награда за прва труба – Џамбо Агушев

Најголем интернационален успех – Медена Земја

Амбасадори на македонската култура – Танец

Спортски успех – РК Вардар

Музички Продуцент – Мите Димовски

ТВ актерка – Јелена Јованова

Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)

Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)

Трајни музички вредности – Галија

Пејач на годината – Влатко Лозаноски

МОМЕНТИ ЗА КОИ ЌЕ СЕ ЗБОРУВА

Тамара Тодевска буквално ја „разнесе“ сценографиајта со нејзината изведба на евровизиската „Proud“. Таа ја искористи приликата да се заблагодари на публиката за поддршката, но и повторно да и се извини на јавноста за ненамерната грешка за време на изведбата на македонската химна минатото лето. Јавно се заблагодари на поддршката од нејзиниот сопруг, за кој рече дека бил најголемата жртва во целата ситуација.

БУБАМАРА 2020: Тамара Тодевска / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Моментот кој најверојатно ќе ја одбележи овогодинешната Златна бубамара е целата публика на нозе која со громогласен неколкуминутен аплауз ја поздрави екипата на „Медена земја“ и протагонистите на документарниот филм. На сцената се појави главната ѕвезда Атиџе Муратова заедно со неколку членови од нејзините соседи кои се појавуваат во документарецот. „Можеби не добивме Оскар, но го добивме македонскиот Оскар“ – рече Фејми Даут кога им беше врачена бубамарата за Интернационален успех. Режисерката Тамара Котевска потсети дека и мала екипа може да постигне голем успех, порача дека на светот му е доста од лажни херои и ја најави Атиџе Муратова, која испеа песна од документарецот, а публиката возврати со воодушевување и уште еден громогласен аплауз.

БУБАМАРА 2020: Атиџе Муратова со екипата на Медена Земја / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Влатко Стефановски и Раде Шербеџија ја разнежнија публиката со антологиската „Остала си увек иста“ на Мишо Ковач.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На сцената се појавија и хрватските коментатори од спортскиот канал Спорт Арена,  Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, кои веднаш станаа омилени кај македонската јавност за начинот на кои ги пренесуваа натпреварите на Вардар за време на Лигата на Шампионите. Заедно со ракометарите на сцената се појави и бендот „Некст тајм“ изведувајќи ја нумерата „Ја излези Ѓурго“, која ја дигна целата публика на нозе.

БУБАМАРА 2020: РК Вардар / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Уште долго ќе се зборува за настапот на Ристо Вртев од „Архангел“. Публиката уживаше во „Милион долари“, „Везилка“ и „Убер Македонише“. Бубамарата ја посвети на своето семејство, но и на Блаже Конески.

БУБАМАРА 2020: Архангел со фантастичен настап / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Исто така одлични на бината беа и Јелена Розга заедно со нашиот Џамбо Ангушев.

Јелена Розга и Џамбо Агушев / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Екипата на „Фчерашни новости“ покрај благодарноста за поддршката, порача и многу битна порака: Мијте раце!!!

Фчерашни новости: МИЈТЕ РАЦЕ!!! / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Фантастичен настап на сцената имаше и екипата на ТВ серијата „Преспав“.

БУБАМАРА 2020: Преспавци на сцена / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Последен на синоќешната „Златна Бубамара“ беше моментално најголемата музичка ѕвезда во Македонија, миленикот на публиката, Влатко Лозаноски. Тој и неговиот бенд буквално изгледаа и звучеа светски!

БУБАМАРА 2020: Влатко Лозановски / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Погледнете низ фотографии како беше на 23. издание на „Златна Бубамара“.

[foogallery id=”195927″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот