Фото: instagram.com/ka3inity

Златен медал за македонската репрезентативка во боди билдинг Катерина Попева на Светското првенство во Шпанија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со македонската репрезентативка во боди билдинг, Катерина Попева, која се врати со златен медал од Светското првенство што се одржа во Санта Сузана во Шпанија.

На средбата присуствуваше и секретарот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, Јовче Василевски.
Попева зад себе има исклучително успешна сезона, крунисана со титула светска шампионка во парови на СП и вицешампионка на Светскиот куп во категоријата сениори.

Министерот Ристовски упати честитки и поддршка за македонските спортски репрезенти на најсилните светски натпреварувања истакнувајќи го значењето на ваквите успеси на македонскиот спорт.

– Овие успеси и освоените светски титули се доказ дека трудот, дисциплината и посветеноста секогаш даваат резултат. Спортистите се нашите најголеми амбасадори во светот, тоа е многупати докажано и тоа треба да се почитува. Министерството за спорт ќе продолжи да дава поддршка за сите спортисти кои постигнуваат врвни резултати и достоинствено ја претставуваат Македонија на меѓународната спортска сцена – изјави министерот Ристовски.

Министерството за спорт и понатаму останува посветено на политиките за унапредување на условите за тренинг и развој на врвните спортисти во сите спортски дисциплини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот