Зидан се враќа на тренерската сцена по пет години
Фудбалска Франција е во еуфорија откако Зинедин Зидан најави скорешно враќање на тренерската сцена. Легендарниот Французин, кој последен пат работеше во Реал Мадрид во мај 2021 година, накратко изјави „Наскоро“, одговарајќи на новинарско прашање за неговото враќање.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Француските медиуми веднаш ја подгреаја атмосферата, уверени дека конечно ќе се оствари долгогодишната желба – Зидан да стане селектор на Франција по заминувањето на Дидије Дешан.
Според информациите на RMC и L’Equipe, планот е Дешан да го заврши својот 14-годишен мандат по Светското првенство 2026, а Зидан е главен фаворит да го преземе кормилото на „триколорите“.
Зидан во првиот мандат со Реал освои три титули во Лигата на шампиони по ред, а во вториот додаде титула во Ла Лига и Суперкуп на Шпанија. Иако последниве години се поврзуваше со голем број европски гиганти – Јувентус, Манчестер Јунајтед, Баерн – тој остана без ангажман, чекајќи ја „правата можност“.
Фудбалската јавност во Франција сега со нетрпение очекува дали Зизу навистина ќе се врати таму каде што сите го сакаат – на чело на националниот тим.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
53мин
-
60мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


