Зидан изненади: „Играчот што ме најмногу воодушевува не е Французин“
Кога зборува Зинедин Зидан, целиот фудбалски свет слуша.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Легендарниот Французин повторно е во центарот на вниманието поради интервју во кое зборуваше за повеќе теми, меѓу кои и за играчот што најмногу го воодушевува во модерниот фудбал.
„Играчот кој во мене буди најмногу емоции кога ќе ја допре топката е Ламин Јамал. Против Интер минатата сезона, на ‘Џузепе Меаца’, правеше што сакаше. Никогаш во животот не сум видел нешто слично,“ изјави Зидан.
Поранешниот стратег на Реал Мадрид и икона на францускиот фудбал веќе претходно го пофали младото чудо на Барселона.
„Тоа второ полувреме против Интер беше неверојатно. Да видиш некој како ја контролира играта и темпото на натпреварот на само 17 години – тоа е фасцинантно. Секогаш ме воодушевува,“ додаде Зидан.
Изјавата на Зидан предизвика големи реакции, бидејќи не го спомна Килијан Мбапе, кој многумина го сметаат за најдобар на светот, ниту својот сонародник Усман Дембеле, актуелниот добитник на „Златната топка“.
Останува впечаток дека за Зидан, талентот и стилот на Ламин Јамал го надминуваат националниот патриотизам.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
53мин
-
60мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


