Животната приказна на Роми Шнајдер, големата љубов на Ален Делон, несреќната ѕвезда на 60-те години

profimedia

Големата љубов со Делон завршила несреќно – со негова порака на огледалото и нејзиниот обид за самоубиство.

„Не знам ништо за животот, но знам се за филмот“, напишала Роми Шнајдер во писмото за својата пријателка и колешка Симон Сињоре.

Ѕвездата на 60. и 70. години секако претерувала во се. Била верена за Ален Делон, била муза на режисерите. Но лекциите за животот ги учела на потежок начин. Разочарувања, неволји и трагедии ја обележале нејзината судбина, која завршила во 43. година од животот.

Била родена во 1938 како Розмари Магдалена Албах, во Виена. Со глума се „заразила“ уште во семејниот дом, а после разводот на родителите, мајка ѝ Магда ја презела грижата за неа и нејзиниот брат Волфи. Магда била глумица и уште од рана возраст се трудела да управува со кариерата на својата ќерка, потоа како менаџер, а неретко и на себе си доделувала улоги во нејзините филмови. Кариерата на Роми Шнајдер ја надгледувал и очувот кој подоцна го обвинила за „нездрав однос“. Првиот филм го снимила со 15 години, а само две години подоцна (1955) се прославила со улогата на австриската царица Елизабета во биографскиот филм „Сиси“. Двете продолженија биле големи хитови кои ги виделе, за тоа време неверојатни, 25 милиони луѓе ширум светот. Харизмата на младата глумица ја магепсала публиката, но и фотографите и новинарите кои насекаде ја следеле.

Иако се декларирала како Германка, Роми своите најголеми успеси ги достигнала во Франција. Во желба да побегне од слатката Сиси, во 1958 година, заминала за Париз за со Ален Делон да го сними филмот „Кристин“. Тоа била судбоносна средба. Партнерите во филмот станале пар и во приватниот живот. И додека француските медиуми ги следеле на секој чекор, германските биле разочарани што нивната омилена глумица ги „предала“. Парот набргу се верил.

Првите години во Париз биле голем предизвик за нејзината кариера. Работела со големи режисерски имиња, како Ото Преминг и Орсон Велс. Следувал познатиот филм „Бокачо 70“, кој ѝ го зацврстил статусот како еден од најголемите секс симболи во европската кинематографија. Убавината и харизмата ја однеле во Холивуд. И покрај големите очекувања, Роми во светската престолнина на филмот се задржила кратко. Снимила само два филма, „Добриот сосед Сем“ со Џек Лемон и „Што има ново, маченце“ со Вуди Ален.

View this post on Instagram

1969 / Havuz #lapiscine #alaindelon #romyschneider

A post shared by Yaprak Gercek (@yaprak.gercek) on

Врската со Делон завршила неславно. Убавата Германка во текот на петгодишната врска ги толерирала сите негови флертови, а тој ѝ возвратил така што ја раскинал веридбата. На огледалото ѝ оставил куса порака – Отидов во Мексико со Натали. Не се враќам.

Роми си ги пресекла вените. За среќа, ја спасиле не враме. И покрај тоа, останале блиски пријатели до крајот на нејзиниот живот.

Повторно глумеле заедно во еротскиот трилер „Базен“, шест години откако Делон ја напуштил поради бремената љубовница.

Роми Шнајдер е погребана заедно со писмото на нејзината најголема љубов, Ален Делон: „Никогаш не си била поубава. Гледаш, научив неколку германски зборови поради тебе“, запишал Ален на германски и додал „Те сакам, љубов моја“. На негова иницијатива, неколку години подоцна во гробот на Роми се спуштени и посмртните останки од нејзиниот син Давид.

До седумдесетите години Роми станала кралица на францускиот филм, добитничка на два Цезари. Но нејзиниот приватен живот се почесто завшувал на насловните страници на таблоидите. Љубовните врски пропаѓале, а таблетите и алкохолот играла се поголема улога во нејзиниот живот.

Следувале несреќи кои го забрзале патот кон трагичниот крај. Првиот сопруг извршил самоубиство, таа едвај ја преживеала операцијата на туморот, а потоа синот Давид загинал во 1981. Имал само 14 години. Иако имала 4-годишна ќерка од другиот брак, Роми никогаш не се опоравила од загубата на својот син. Неполна година по смртта на Давид, умрела во својот апартман во Париз.

Тогашниот љубовник Лорен Петин ја нашол со глава наслонета на работната маса и празно шише вино пред неа. Писмото кое го пишувала е прекратено на пола реченица. 

Официјалната верзија гласи дека умрела од срцев удар предизвикан со смртоносна комбинација на лекови и алкохол.

View this post on Instagram

Sunday… #complicity #alain #romyschneider

A post shared by Frank Gallucci (@frankgallucci) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот