Живковизмот на Росен Плевнелиев

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски. / Фото: Приватна архива

Ако е точно дека српските служби се „филијала на руските“, тогаш зошто Бугарија не ја блокира Србија, туку и овозможува да отвора нови поглавја во преговорите со ЕУ? Дали тоа што Бугарија ја поддржува Србија во ЕУ е доказ дека им овозможува на српско-руските служби пробив до тајните на ЕУ и НАТО?

Росен Плевнелиев: „…службите на РСМ и до ден-денешен се просто филијала на српските, кои пак се филијала на руските, и ние не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ“, изјави поранешниот претседател на Бугарија, и остана жив.

А малку да примениме едноставна логика?

Прво, ако е точно дека српските служби се „филијала на руските“, тогаш зошто Бугарија не ја блокира Србија, туку и овозможува да отвора нови поглавја во преговорите со ЕУ? Дали тоа што Бугарија ја поддржува Србија во ЕУ е доказ дека им овозможува на српско-руските служби пробив до тајните на ЕУ и НАТО?

Второ, кој минатата година апсеше поранешни и актуелни високи воени и службени лица и разбиваше „руска шпионска мрежа“ која наводно крадела тајни на НАТО и ЕУ од Бугарија? Дали од фактот што имало разгранета „руска шпионска мрежа“ во Софија може да се заклучи дека „Тодор Живков е веќе во ЕУ“ и дека продолжува да работи за Сталин?

Трето, има ли појасен доказ дека Тодор Живков е веќе во ЕУ, од небулозната „историска“ блокада на Бугарија на Македонија, која се темели на истата аргументација од времето на живковизмот?

Видовме досега дека бугарските политичари имаат бујна политичка имагинација и дека можат да измислуваат стотици фантастични причини за политичката блокада. Затоа, веќе е апсолутно небитно што кажуваат бугарските политичари и зошто ја блокирале Македонија во ЕУ. Денес зборуваат едно, утре друго, задутре ќе зборуваат нешто трето. Најбитно е тоа што ја блокираат Македонија и што не мислат да ја тргнат блокадата, доколку не ја прифатиме нивната ретуширана живковистичка верзија на историјата.

А тоа кажува само едно: националниот интерес на Бугарија е С Македонија да не влезе во ЕУ. А тој национален интерес се поклопува со геостратешките интереси на Русија и Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот