Жителите на Њујорк стравуваат дека нема да можат да се прехранат

Дури 49 отсто од жителите на Њујорк се изјасниле дека стравуваат дека нема да можат да си обезбедат храна за време на епидемијата од корона вирусот. Истражувањето на јавното мислење по однос на ова прашање го спровел Колеџот Сиена.

Според добиените резултати само 4 проценти од жителите на овој град кој има 8,7 милиони луѓе продолжиле да финкционираат нормално и во вонредни услови.

Во државата Њујорк бројот на луѓе кои се загрижени во однос на тоа дали ќе може да си ги дозволат основните прехрамбени производи е нешто помал и изнесува 41 отсто.

На прашањето пак дали се загрижени за тоа дали ќе може да ги сервисираат редовните месечни обврски позитивно одговориле дури 58 проценти…

На прашањето како се прилагодиле на мерките со кои се предвидува да останат во своите домови, 14 проценти дека се под задолжителен карантин, 42 отсто се придржуваат до мерките со исклучоци, 39 проценти одговориле дека држат социјална дистанца, додека само 4 проценти живеат како и пред епидемијата.

Денеска во Њујорк има повеќе од 72 илјади случаи заразени од корона вирус, а околу 3.500 лица им подлегнаа на компликациите предизвикани од смртоносниот вирус.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот