Фото: Општина Илинден

Жителите на Илинден од денеска можат да аплицираат за субвенции за клима-уреди и соларни панели

Од Општина Илинден информираат дека во тек е Јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима-уреди или соларни панели.

Со јавниот повик се предвидува исплата во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот клима-уред или соларен панел, но не повеќе од 10.000 денари по производ.

Право на учество на Јавниот повик има секој жител кој ќе набави инвертер клима-уред или соларен панел од денот на објавувањето на јавниот повик, односно од денеска, а можноста за субвенционирање ќе трае сè до исцрпување на предвидените финансиски средства.

Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“, а комисијата задолжена за разгледување на барањата ќе има право да изврши увид на лице место за поставениот инвертер клима-уред или соларен панел.

Од локалната самоуправа напоменуваат дека право на субвенционирање може да се оствари само еднаш за едно семејство со иста адреса на живеење.

Сите заинтересирани граѓани дополнителни информации за условите, критериумите и потребната документација можат да добијат во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб-страница на Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот