Сантијаго Бернабеу/ EPA-EFE/J. J. Guillen

Жителите кои живеат во близина на „Бернабеу“ го тужат Реал Мадрид

Реал Мадрид наскоро ќе се соочи со судска постапка поради одржувањето концерти на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, откако судијката Моника Агире де ла Куеста донесе решение за покренување постапка по истрага која траеше година и половина. Во одлуката се наведува сомнеж за можно кривично дело „загадување со бучава“ од страна на компанијата „Real Madrid Estadio“.

Енрике Мартинез, портпарол и претседател на здружението на станари погодени од бучавата од „Бернабеу“, изјави дека „не сме горди што го изведовме Реал Мадрид пред суд“. Иако со децении е навивач и член на клубот, Мартинез нагласува дека проблемот не е во самиот Реал Мадрид.

„Ова апсолутно се однесува на несреќната одлука што ја донесе Флорентино Перез со создавањето на овој бизнис-модел, игнорирајќи дека граѓаните имаат право на одмор и на здравје кое не смее да биде загрозено“, објасни Мартинез.

Жителите повеќе од година и половина се борат против бучавата што ја создаваат концертите на стадионот.

„Кога ние зборувавме дека ова е варварство и дека границите на бучава се брутално надминати, нè нарекуваа ситничари и старци што не знаат што да прават со себе. На крајот сфатија дека станува збор за сериозен проблем“, порача Мартинез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот