Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Жител на Ваташа искршил прозорци и табла на Фондот за здравствено осигурување

Полицајци од Кавадарци вчера уапсиле жител на селото Ваташа кој со тврди предмети ја оштетил службена табла и прозорците од просториите на Фондот за здравствено осигурување.

„На 22.03.2026 во 20:45 часот на улица ‘Тиквешко востание’ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Р.В.(27) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што со тврди предмети оштетил службена табла на Фондот за здравствено осигурување и прозорци од службените просториите на фондот. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Жител на Чегране уценувал човек од тетовско село со снимка, барал 5.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот