Жител на кавадаречко село казнет со 400 евра бидејќи се снимал како има секс со магаре и го објавил видеото на Фејсбук

магаре
Илустративна фотографија / Профимедиа

Жител на едно кавадаречко село е осуден затоа што со негов пријател на социјалните мрежи објавиле како тој има секс со магаре, дознава СДК.  Тој за ова е осуден на парична казна од 400 евра за кривичното дело „Задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот маж не се жалел и пресудата е правосилна.

Настанот се случил на 5 март годинава, во близина на фудбалско игралиште на селото каде тој живеел.

„Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук“, пишува во обвинението.

Судијата во образложението за пресудата, констатирал дека кривичното дело се состои во вршење полово дејствие, пред друг на јавно место, со што е прекршен половиот морал и правилниот развиток на децата. По ова во Основен суд Кавадарци, изречена е парична казна од 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра, или вкупно 400, во денарска против вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот