Жител на Чашка осомничен за изборен поткуп – полицијата пронашла 2.000 евра кај него дома
Во дом на жител од село во општина Чашка биле пронајдени 60 банкноти од по 2.000 денари, поради што е осомничен за изборен поткуп, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Препорачано
Според информациите на полицијата, во саботата во 8 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и со судска наредба од Основниот суд Велес, полицајци од СВР Велес извршиле претрес во домот на 59-годишниот Г.П. од селото Согле, општина Чашка.
При претресот биле пронајдени и одземени 60 банкноти од по 2.000 денари и телефон. Постои сомнение дека станува збор за кривично дело „поткуп при избори“ согласно член 162 од Кривичниот законик.
Уапсен член на избирачки одбор во Чаир – полицијата го привела додека пушел цигара на пауза
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а со осомничениот бил извршен службен разговор. По целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведени се двајца престапници во Чаир — лажно се претставувале како изборни набљудувачи
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
41мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


