Жерновски до Мицкоски: Замини си, за доброто на сите нас!

Вчерашниот твој нов скандал, со кој дефинитивно го покажа и докажа својот прилично лимитиран капацитет, е опасна и крајно штетна порака до граѓаните и нивното поведение, напиша на Фејсбук заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски за вчерашниот инцидент поврзан со Христијан Мицкоски.

Во објавата стои и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да демонстрира отсуството на морал.

-Однесувањето кое го демонстрираш(е) за целото времетраење на пандемијата, не само што те прави недоличен да водиш дури и политичка партија, туку нанесува директна штета на целиот труд да се справиме со здравствената криза.

Сметав и се надевав дека претходниот скандал со теретаната ќе те вразуми, односно дека конечно ќе сфатиш за одговорноста што сите ние, од различни позиции, ја имаме кон нашите граѓани. За жал, тоа не се случи. Напротив, уште повеќе го демонстрираше отсуството на морал, совест, етика, па, ако сакаш, и на домашно воспитување. Манифестирањето на самоволие и сила е одлика на твојата матрица на резонирање и однесување.

Претходно те замолив да не ни одмагаш во ова исклучително тешко и критично време, кога веќе не сакаше да ни помогнеш. Сега, кога часовникот веќе го одброи твоето време, ќе ти порачам да си замимеш за доброто на сите нас, напиша Жерновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот