Арина Сабаленка/фото: EPA/TOLGA AKMEN

Женското финале на Индијан Велс ќе биде реприза од битката за трофејот во 2023 година

Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе играат во финалето во женска конкуренција на Индијан Велс, што претставува реприза на завршниот меч од 2023 година. Тогаш трофејот го освои Елена Рибакина, па сега Арина Сабаленка ќе има можност да се обиде да се реваншира.

Во полуфиналето Сабаленка сигурно ја совлада чешката тенисерка Линда Носкова со 2-0 во сетови. Белоруската тенисерка првиот сет го доби со 6-3, а во вториот славеше со 6-4, во натпревар што траеше околу час и половина.

Шампионката од 2023 година, Елена Рибакина, исто така без загубен сет ја елиминираше Елина Свитолина. Рибакина првиот сет го доби со 7-5, додека во вториот беше подобра со 6-4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот