Ријана / Фото: Anthony Behar / PA Images / Profimedia

Жената што пукаше кон домот на Ријана во Лос Анџелес е обвинета за обид за убиство

Жена од Флорида е уапсена и обвинета за обид за убиство откако во неделата пукала во домот на пејачката Ријана, во кој живее заедно со партнерот Ејсап Роки, пренесува „Дејли мејл“.

Полицијата во Лос Анџелес ја идентификуваше осомничената како 35-годишната Ивана Ортиз, на која ѝ е одредена кауција од 10,2 милиони долари. Според полициското соопштение, Ортиз испукала неколку истрели од својот автомобил кон адресата на Ријана, но никој не е повреден.

Радио извештајот на полицијата, вели дека најмалку десет истрели биле испукани од белата „тесла“ пред напаѓачот да избега од местото на настанот. Напаѓачот е опишан како жена со плетенки, облечена во кремаста блуза, а нејзиното возило било валкано од долната страна.

Полициски хеликоптер набрзо го лоцирал возилото на паркинг во населбата Шерман Оукс, каде што Ортиз била уапсена. Извор близок до двојката изјавил за New York Post дека Ријана и A$AP Rocky „не знаат многу“ за инцидентот и немаат дополнителни информации.

Исто така, потврдено е дека A$AP Rocky не бил дома во времето на пукањето. Двојката има три деца заедно: тригодишниот РЗА, двегодишниот Рајот и петмесечниот Роки. Полицијата потврди дека случајот го истражува нивниот Оддел за грабежи и убиства, додека мотивот за нападот засега е непознат.

ФОТО | Ријана стана мајка по третпат: Пејачката роди девојче и ѝ даде уникатно име

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот