Фото: Darrin Henry/ Magnus News / Sipa Press / Profimedia

Желката Џонатан наполни 191 година, а можеби и повеќе: Тој е најстарото копнено суштество на светот

На првиот ден од новата година, Џо Холинс го прослави 191-от роденден на својот пријател Џонатан, најстарото суштество на планетата Земја.

– Можеби е постар од 191 година – вели Холинс (66) за „Вашингтон пост“.

Фото: Инстаграм/mybohemianstories/engblomannicka

Овој ветеринар се грижи за оваа и за уште три желки на островот Света Елена од 2009 година. Минатата година од гувернерот на островот, Нејџел Филипс добил потврда дека Џонатан се родил на 4 декември 1832, но и покрај тоа, тој го слави роденденот на првиот ден од Новата година.

– Не го славиме неговиот роденден, туку неговите години, колку и да ги има – изјави Холинс.

И покрај неговата возраст, Џонатан има волја за живот.

Фото: Darrin Henry/ Magnus News / Sipa Press / Profimedia

Сејшелиската џиновска желка веќе го помина очекуваниот животен век од 150 години, но Холинс се надева дека ќе го дочека и почетокот на третиот век на оваа британска територија на околу 2.000 километри од брегот на Африка.

– Освен гренландските ајкули, за кои се проценува дека живеат 250 години, за мене е фасцинантно да помислам дека ниту едно друго суштество на површината на оваа планета не е сè уште живо – рече тој.

Како што додаде, голема привилегија е да се грижиш за желка стара речиси 190 години.

Фото: Darrin Henry/ Magnus News / Sipa Press / Profimedia

Сè уште има фотографии направени помеѓу 1882 и 1886 година од Џонатан како талка низ палатата на гувернерот. Во тоа време тој веќе бил целосно возрасен поединец, што значи дека имал најмалку 50 години.

Од егзилот на Наполеон Бонапарта во Света Елена во 1815 година и неговата смрт во 1821 година, Џонатан е најпознатиот жител на островот.

Најстарата желка на светот наполни 190 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот