Жељко Бебек прослави 20 години брак: Љубов, нека ни е среќна годишнината

Жељко и Ружица Бебек
Жељко и Ружица Бебек / Фото: Фејсбук, Жељко Бебек

Музичарот Жељко Бебек ја прослави 20. годишнина од бракот и, по тој повод, ѝ посвети емотивна објава на својата сопруга Ружица Бебек.

„Љубов, нека ни е среќна 20. годишнина. Ви благодарам на сите за прекрасните честитки и убавите желби“, стои во објавата на Бебек.

Исто така, пејачот сподели фотографија од нивната венчавка, но и неколку фотографии од прославата за годишнината, на која присуствувале неколку блиски пријатели.

Жељко и Ружица стапија во брак во 2002 година, во прекрасниот Дубровник, а ќерката Катарина и синот Ѕвонимир се плодови на нивната голема љубов. Тие се запознале сосема случајно на еден од концертите на Бебек, кога таа му побарала автограм.

Ова му е трет брак на музичарот, а од првиот брак има уште две деца.

Жељко Бебек открива: Го напуштив „Бијело дугме“ бидејќи не сакав да пеам „рамна ти е Југославија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот