Жељко Бебек открива: Го напуштив „Бијело дугме“ бидејќи не сакав да пеам „рамна ти е Југославија“

Profimedia

Оригиналниот пејач на „Бијело дугме“, роден во Сараево, кој го донесе Горан Бреговиќ во неговиот прв бенд „Кодекси“, денес живее среќно во Загреб со своето семејство.

Легендарниот пејач Жељко Бебек (75) во интервјуто за „Вечерњи лист“ проговорил за деталите за напуштањето на групата „Бијело дугме“ во 1984 година. Ја коментирал изјавата дека несогласувањата започнале поради песната „Косовска“, која Горан Бреговиќ (70) ја напишал на албански јазик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ritam Balkana (@ritambalkanacom)

Несогласувањата започнаа една година претходно, во времето кога Горан веќе во голема мера беше одделен од базата на бендот, всушност, кога веќе не ни беше во бендот, туку сметаше дека сме бенд што работи за него. Како човек кој ја сака музиката и својот бенд, се плашев да не се повтори ситуацијата кога политиката веќе во 1976 година влезе да му направи дар-мар на „Бијело дугме“. Почна да ми пречи тоа што Горан почна да форсира дека рокенролот мора да „плука“ по нешто и не сфатив зошто ни требаше песна на албански јазик. Не бев ниту против таа песна ниту против албанскиот, но не знаев зошто на „Бијело дугме“ тоа му треба.“, вели Бебек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Krstić (@darkobambi)

Живеевме во свет во кој тој потег можеше да наликува на уметничка слобода, а истовремено можеше да значи и ова – ако веќе постои рамноправност, тогаш можеме да пееме и на албански. Тоа, всушност, ме онерасположи и тогаш почнав да размислувам за тоа што мене ми треба, јас кој сакав да ја пеам „Селма“, „Сонував синоќа дека те нема“ или „Не спиј, малечка моја“, па сега одеднаш пеам песна што има друга конотација. И освен тоа што морав да ја научам и што ми беше многу тешко да пеам на албански, морав со тоа да пренесам и некоја порака, која ќе добие одговор во некое следно време“, продолжува тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek)

Одговорот дојде по само два месеца. Зазедов остар став и му реков на Горан: „Одиме во нов проект, во ред, но повеќе нема да толерирам вакви потези. Ако се случи тоа, ќе излезам од бендот“. И потоа се појави проект со песни што не можев да ги сварам, како „Липите цветаат“ со стихот „рамна ти е Југославија“, особено што во политичка смисла на овие простори дојде до многу посериозни превирања. Никогаш претходно во историјата не се случило од социјализам да се оди во капитализам. Во тоа време, полека почна да наѕира и доаѓањето на своевидна катаклизма, при што не сакав да одредувам страна, ниту со еден збор, ниту со една песна, а особено не сакав да бидам во функција на некој систем на кој никогаш не припаѓав. Тој статус не сакав да го променам и затоа дојде до нарушување во односот на бендот и дискусијата која заврши како што заврши – раскажал Бебек.

Пејачот исто така рекол дека целосниот опус на Бреговиќ е за пофалба, но и дека и денес не се во баш некаков контакт.

Ужива со семејството меѓу четири ѕида

Во текот на мојата кариера, постојано трчам некаде. Постојано некаде патувам. Ако не сум во воздух, тогаш сум во автомобил, на море, во автобус или во воз. Цел живот патувам некаде. И секогаш ми недостасуваше да се разбудам во петок наутро и да не патувам никаде“, вели Бебек, кој во тешките околности на епидемијата која го одвлече од сцената и го принуди конечно да го спушти сидрото, нашол нешто позитивно.

И покрај принудниот одмор, тој, пред сè, е благодарен за зближувањето на семејството, кое во моментот е заробено во четири sида поради околностите, но сите бескрајно уживаат во тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek)

За оваа хармонија во секоја соба зборуваат sидовите на нивниот дом во источниот дел на Загреб, украсен со огромни семејни фотографии на кои се смее со сопругата Ружица и децата Катарина и Звонимир.

За нив сопруг и татко, за сите други тој е легенда на југословенскиот и хрватскиот рокенрол, пејач на култното „Бијело дугме“, денес независен уметник, кој ниту по 50 години долга и импресивна кариера не покажува знаци на откажување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот