Фото: Креирана илустрација

Згрозувачки податоци — над 600 деца помали од 15 години биле силувани или полово нападнати за шест години, најмалото имало помалку од три години

Алармантни бројки за сексуална злоупотреба покажуваат наодите од анализата на Народниот правобранител за сексуална злоупотреба на деца — над 600, најмногу под 15 години, биле силувани, полово нападнати или принудени да живеат во вонбрачна заедница со возрасни луѓе во период од шест години, односно од 2020 до 2025 година. Жртви биле и деца под десет години, а најмалото сексулано злоставувано дете имало под три години.

Извештај за сексуално насилство - Народен правобранител - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Извештај за сексуално насилство – Васка Бајрамовска, советник на Народен правобранител – Фото Слободен печат – Методи Здравев

– Во периодот од 2020 до 2024 година се евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца од кои 455 се девојчиња како и 53 момчиња.  Најголем дел од случаите се однесуваат на тешки кривични дела како силување на дете под 15 години, 186 случаи, полов напад и силување се 99 случаи и вонбрачен живот со дете сe 96 случаи. Во 2025 година евидентирани се нови 96 деца – жртви на кривичното дело против половата слобода и половиот морал од кои 88 девојчиња, 8 момчиња. Повторно најчесто регистрирано кривично дело е силување на дете под 15 години со 48 жртви. Иако сексуалната злоупотреба на деца генерално ги засега девојчињата, податоците потврдуваат и дека жртви се и момчињата при што е можно реалниот број на машки жртви да е поголем со оглед на потешкотиите на пријавување поради срам, стигма и социјалните норми. Останати евидентирани дела се полово вознемирување коешто е пријавено 30 пати што е пораст од 2022 година, натаму прикажување на порнографски материјали, производство и дистрибуција на детска порнографија и родосквенравење – изјави Државниот советник во канцеларијата на Народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа.

Најголем број на жртвите се деца на возраст од 11 до 15 години, околу 90 отсто се девојчиња, додека пак според етничката припадност, најмногу се од македонска и ромска националност.

Ваквите случаи најмногу ги пријавувале родителите, медицинските установи, а поретко образовните институции и Центрите за социјална работа, што, како што констатира Бајрамовска, укажува на потребата од засилување на едукативната и заштитната улога на училиштата и Центрите за социјална заштита.

Нов случај на силување во Гостивар — вработен во училиште силувал 14-годишно девојче и објавувал видеа

Народниот правобранител детектирал сериозни слабости во постапувањето на институциите, односно кога случаите ќе стигнат до институциите тие често реагираат фрагментирано, без меѓусебна комуникација, па така иако според Законот, детето само еднаш треба да даде изјава, децата – жртви се испрашуваат повеќе пати во полиција, па како што толкува Бајрамовска, очигледен е јазот меѓу законската рамка и нејзината практична примена, односно реалната заштита на децата.

Освен ова, има недостиг на простории за испрашување на децата – жртви, обучен кадар за пристап до нив, ограничени човечки и стручни ресурси, недоволни материјални и инфраструктурни капацитети, недоволно специјализирани здравствени тимови, несистемско вклучување на стручни лица во судско – обвинителските постапки, а судските постапки траеле и до две години.

– Препораките се доследно спроведување на мерките за процесна заштита на детето, еднократно сослушување на детето, обезбедување на детски прилагодени простории за давање исказ со потребната стручна помош и поддршка, континуирана обука на професионалците, долгорочна психосоцијална поддршка на жртвите и нивните семејства, зајакната координација меѓу институциите како и воведување на „Барнхаус модел“ (куќа за деца“), водечки модел кој е интегрирана заштита на дете, правна психолошка и здравствена поддршка на жртвата на едно место – порача таа.

Бајрамовска вели дека регистарот за педофили функционира, но дека се уште државата не донела одлука за хемиска кастрација. Но, ако се отвори регистарот, не може да се види ниту една фотографија. Последниот грозоморен случај беше објавен вчера, откако беше приведен 68-годишен педофил кој со години силувал 14 -годишно дете и го снимало. Морничав случај на експлоатација и брутално кршење на детските права се случи во Делчево. Родители ги втурнале во бракови своите ќерки кои немале ни 15 години кои неколку години живееле со постари мажи во вонбрачни заедници, а едната родила и дете.

68-годишен скопјанец со години силувал дете и ги снимал гнасните чинови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот