Згасна фудбалски второлигаш во Македонија!

Фото: facebook.com/k.f.vardar

Tажна вест за македонскиот фудбал, за фудбалот во с. Форино и целиот Гостивар, исчезна фудбалски клуб со 42-годишна традиција.

Денеска Вардар Форино требаше да го игра натпреварот од 12 коло во Втората лига – Запад против Велазерими 77 на Градскиот стадион во Гостивар со почеток од 13.00 часот.

Причината поради згаснувањето и откажувањето од шампионатот се финансиските проблеми, како што соопштуваат од клубот, за нив најголема криза во нивната историја.

– Тажна вест за нас како Форино и за сите кои го сакаат овој спорт, после 42 години згаснува фудбалскиот клуб Вардар Форино. Со ова згаснуваат и многу соништа на младите фудбалери, кои сонуваа да го достигнат успехот на Висар Муслиу и еден ден да играат на едно Европско првенство, или пак да играат во еден голем европски клуб – се вели во соопштението на ФК Вардар Форино.

ФК Вардар Форино се наоѓаше на осмото место (од 10 екипи) со 11 бодови во второлигашката западна конкуренција.

Видео на денот