фото: икс/скриншот

ВИДЕО | Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 6,1 степен вечерва го погоди округот Синдирги во западната турска провинција Баликесир, соопшти Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД).

Според официјалните податоци, еден човек загинал, а најмалку 29 се повредени, претежно полесно. Локалните власти наведуваат дека повеќе од 15 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот, главно во Синдирги и во околните области.

Според АФАД, земјотресот се случил во 22:48 часот по локално време (20:48 по централноевропско), на длабочина од 5,99 километри. Бил почувствуван и во околните провинции, меѓу кои и во Истанбул, пренесува Анадолија.

„АФАД и другите надлежни институции започнаа теренски проверки, а извештаите внимателно се разгледуваат“, изјави турскиот вицепремиер Џевдет Јилмаз на националната социјална мрежа NSosyal.

По силниот земјотрес, следеа неколку последователни потреси со јачина од 3,8 и од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот