Силен земјотрес во Турција
Силен земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од шест километри и на оддалеченост од 115 километри од Анталија. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.

