Силен земјотрес го погоди Јадранот

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 23:07 часот, во Јадранското Море, објави Вечерњи.хр.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 42.658 и географска должина 17.6637, односно на 30 километри од Неум и 77 километри јужно од Мостар.

Земјотресто силно се почувствувал во поширокото подрачје на Дубровничко-неретванската жупанија и во соседна Херцеговина.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Сведоците наведуваат дека ударот бил силен, но краток.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот